Ракометарите на Охрид се елиминирани од купот на Македонија. Попладнево во финалето од првата квалификациска група, во Скопје Вардар славеше над Охрид со 41:22.

Претходно Охрид го совлада Прилеп со 28:22, а Вардар, кој инаку е бранител на трофејот во купот, без проблеми го победи Борец од Велес со 45-24.

По елиминацијата во купот Охрид ги продолжува натпревариите од плејаутот во Супер лигата. Следен противнок на ‘гладијаторите ‘ е екипата на Преспа. Мечот се игра на 25-ти април во салата ‘Билјанини Извори ‘.

OhridNews