Во пожарот кој денес претпладне избувна во куќа во Љубаништа опожарена била една просторија со дел од покуќнината.

Спречена е поголема штета со оглед на тоа што на лице место е вклучено доброволното ПП друштво „Ентузијаст Охрид-Дебрца“, а при тоа еден член е вклучен во гаснењето на пожарот додека да пристигне ТППЕ Охрид. Причината за пожарот не е позната, вели командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски.

Пожарот беше пријавен во 11:42 часот, по што во гаснењето беа вклучени две противпожарни возила со пет пожарникари на ТППЕ Охрид.

 

Н.С.Ј.