Стрелачката Нина Балабан прва настапи од охридските спортисти кои се дел од македонската селекција на Европските игри во Баку, Азербејџан.

Во дисциплината 10 метри – воздушна пушка охриѓанката го освои 33-то место од 39 натпреварувачки со резултат 408,2 круга.


Првата позиција и златниот медал и припадна на Андреа Арсовиќ од Србија, втора беше унгарската репрезентативка Сара Хорнунг, а бронзата и припадна на германката Барбара Енгледер.

Следните денови на Европските игри во Баку ќе се појават и шесте охридски атлетичари кои ќе се натпреваруваат речиси во сите дисциплини.

Ohridnews