Охридскиот ракометен клуб во втората рунда ги запиша првите бодови во Супер лигата победувајќи го Металург 2 во Автокоманда со убедливи 29-20 (14-10) .
До првата победа во новата сезона избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски стигнаа на доминантен и убедлив начин водејќи во текот на целиот натпревар со надежите од македонскиот ракометен бренд.
Првиот дел „гладијаторите“ го добија со четири погодоци (14-10) благодарание на организираната игра во одбрана и ефикасниот напад.
Во второто полувреме охриѓани продолжија со исто темпо и домаќините во ниту еден момент не успеаја да ја загрозат првата победа.
Во третата рунда од Супер лигата ракометарите на Охрид ќе ги одмери силите со првиот состав на Металург.
РК Охрид : Костески, Колев, Пецаков, Караиванов 6, Павловиќ 6, Андоновски 4, Кежиќ, Хогас 3, Белевски 3, Трифуноски, Тасески, Печенковски, Новаковиќ 1, Вражалица 6.
РК Металург 2 : Доневски, Реџиќ 4, Петрески, Шулевски, Стојковски 1, Димитриоски 3, Стојменов, Шилегов 2, Петкоски, Лембанов 2, Танковски 4, Блажевски, Митревски, Лазаревски 2, Беќароски, Шошевски 2.
Мх.П.