Филип Јосифовски е најдобриот јуниор на Меѓународниот турнир во таеквондо „Куп на Србија“ во Кула, Србија. Тој освои две злата и по едно сребро и злато или вкупно 30 минути борба во 5 натсапи и две продолженија.
Јосифовски од Таеквондо клубот Хваранг Фист освои златен медал во борби за јуниори до 63 килограми, бронза во борби сениори до 64 кг и во форми злато за сенори црн појас 1 дан и сребро за јуниори црн појас 1 дан.
– Судиите беа немоќни, Филип ги победи и нив. Најнеизвесна беше првата борба, во која што судиите многу безобразно судеа нерешено, па продолжение уште 1 рунда, и уште 1 продолжение за златен поен, и после 3-от поен беа приморани да му ја дадат победата на Филип“, вели тренерот на Филип, Јосифоски Ацо, кој потенцира дека Филип е јуниор, има 17 години, се пријавил да се натпреварува во категорија сениори над 18-39 години, а тоа го прават само најхрабрите. Борбите му течеа без прекин на две борилишта.
Во сениори изгуби за еден поен во полуфинале од претставникот на Бугарија, кој е многу поискусен од Филип, а беше и одморен, додека Јосифовски во меѓувреме се натпреваруваше на другото борилиште и во јуниори, посочува Јосифоски и додава дека во јуниори имал 5 борби и го освоил првото место, а во сениори се закити со бронзен медал.
Тамара Велјаноска е вториот член на Хваранг Фист кој учествуваше на овој турнир во категорија деца 2 – жени 12-13 години, и го освои првото место во борби и второ во форми во нејзината категорија.
За напомена пред само 10-тина дена на турнирот во Унгарија, Хваранг Фист имаше исто така одлични резултати. Филип Јосифоски се врати со злато во борби Јуниори до 63кг,а Дејан Латиноски деца 2 -12-13 год бронзен во борби. Се на се повеќе од одличен настап на нашиот клуб.
За голема жалост,ако приметивте секогаш одиме мал број на натпреварувачи,поради трошоците кои се исклучиво на товар на родителите,зошто во овој период сме без спонзор,а локалната и државата не ни помислуваат на овие спортисти,а трошат милиони за реклами да ги натераат младите да спортуваат.
Ohridnews