Охридските ракометари први низ целта го минаа регуларниот дел од Супер лигата и го забележаа најдобриот резултат во клупската историја. „Гладијаторите“ првото место на табелата го задржа со триумфот во Радовиш против истоимената екипа 33-25 (17-11) во последната рунда од првата фаза во првенството.
Победата охриѓани ја најавија во првиот дел кој го добија со 17-11, во второто полувреме предноста не само што ја задржаа туку ја зголемија за два погодоци за конечен триумф 33-25.
Во листата на стрелци се издвоија Марко Кобетиќ со седум голови, Јосип Кежиќ и Бобан Блажески со шест погодоци. Во тимот на Радовиш најпрецизен беше Игор Милосављевиќ со десет погодоци.
Шампионската титула во регуларниот дел од Супер лигата е одлична најава за мечевите од плејофот и Купот на Македонија кој допрва ги очекуваат ракометарите на Охрид.
OhridNews