Холандскиот состав на Волендам е противник на Ракометниот клуб Охрид во првото квалификациско коло во второто по ранг клупско натпреварување во Европа, Купот на ЕХФ.

Охридските ракометари првиот меч на 2 или 3 септември ќе го одиграат на домашен терен во „Билјанини Извори“ додека реваншот недела дена подоцна во Холандија.

Годинашното натпреварување во Европа ќе биде прво за „гладијаторите“, откако минатата сезона не ја прифатија поканата од ЕХФ и Ракометната федерација на Македонија.

Екипата на Порто ќе биде ривал на „гладијаторите“ во втората квалификациска рунда, ако успеат да ја минат холандската пречка.

OhridNews