Охридските ракометари го претрпеа вториот пораз во втората рунда од плејофот од Супер лигата откако изгубија од Металург со 30-23 (15-9) во Автокоманда.


„Гладијаторите“ во првите десеттина минути добро се носеа со фаворитот и на семафорот стоеше (4-4).

Домаќините уфрлија брзина погоре и со серија од 7-0 стигнаа до висока предност од седум погодоци (11-4).


Охриѓани со серија од 4-1 се вратија резултатски во игра (12-8), но „металурзите“ вратија со иста мера за (15-9) на полувремето.

Избраниците на Горан Андоновски и во вториот дел фатија приклучок во мечот намалувајќи на (19-15) по 10 минути игра.


Во нападот охридските бели погрешија, Металург казни со погодок, а судиите во завршните моменти му поклонаа неколку топки на домаќините кои ги искористија за победа 30-23.

Ракометарите на Охрид викендов што доаѓа ќе ги одиграат 1/4 финалните мечеви во Купот, а потоа ќе се сретнат со Макс Струмица во третата рунда од плејофот во Супер лигата.

Фото: Гол.мк
Мх.П.