Малата Марија Климоска која влече охридско потекло од родителите, стана шампионка на Италија на Државното превенство во фудбал во младинската категорија “micro scarabocchio” (2011), што од 1 до 5 септември се одигра во Белариа, на кое учествуваа победниците од регионални натпревари од целата земја.
Таа со својот клуб „A.G.S Castenedolo“ најпрвин го освои првото место во регионот на Бреша, со што обезбеди пласман на Државното првенство, што се одигра по бод систем. Екипата на Марија со четири победи, едно реми и 13 бодови го освои првенството на Италија во младинска конкуренција. Успехот на Марија е дотолку поголем, бидејќи таа е единствено девојче во екипата, кое рамноправно се натпреварува со врсниците од „посилниот“ пол.
Марија активно тренира фудбал веќе четири години во „A.G.S Castenedolo“, а во лето тренинзите ги работи во Охрид во клубот „Фер плеј“.
Нејзин омилен тим е Интер!
OhridNews