Голем објект се издигнува веднаш до манатирската црква Св. Богородица Захумска на брегот од Охридското Езеро во Заум. Како што дознаваме се работи за изградба на нови конаци.
Изградбата на новите конаци во Заум предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат одговор од надлежните институции и од Дебарско – кичевската епархија, дали градбата која е во фаза на карабина ги има потребните одобренија. Исто така се критикува големината на објектот.
Минатата година охридскиот Завод и Музеј изработи елаборат за ревалоризација на споменичната целина на манастирскиот комплекс „Свети Богородица Захумска“ и проект за заштитно-конзерваторски основи, по што отпочнаа конзерваторски работи на црквата која е споменик на културата од средината на 14 век. Според неофицијалните информации се уште не била издадена дозвола за градба на манастирските конаци.
Црквата „Св. Богородица Заумска“ се наоѓа на 20 километри од Охрид, во подножјето на планината Галичица, на брегот на езерото, во месноста Заум (Захум), спроти рибарското село Трпејца. Заради конфигурацијата на теренот, пристапот до објектот е возможен единствено по воден пат. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на епископот Григориј, кој спаѓал меѓу највлијателните големодостојници на охридската архиепископија кон средината на XIV век. Архитектонската изведба на црквата се вклопува во целосна хармонија со природниот амбиент, додека фреско-ансамблот претствува уникатно дело во уметнички и во иконографски поглед.
OhridNews
Репортажа: „Св. Заум“ – вистински рај крај езерото кој децении и пркоси на забрзаната урбанизација