Посетата на Охридско- преспанскиот регион, премиерот Зоран Заев ја започна во Охрид, во ОЕМУЦ „СВ Наум Охридски“, каде исто така, во тек е реконструкција на спортската сала и спортските терени во училиштето.
Ова училиште поради програмата за дуално образование која се спроведува од учебната 2018/2019 во соработка со компаниите „Костал“, „ОДВ Електрик“ и „Леарница“ , како што рече Заев, има посебно место во нашиот образовен систем. Премиерот истакна дека сите училишта во Охрид се целосно или делумно реновирани .
Предходните две години ОЕМУЦ доживеа целосна реконструкција и обнова. Во 2019 год со поддршка од Министеството за образование беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата.Дополнително Општината ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории, а со цел да се овозможи квалитетно on-line образование беа набавени нови 20 десктоп компјутери. Сега се во тек работите на реконструкцијата на спортска сала и спортските терени – изјави премиерот Зоран Заев.
Според градоначалникот Георгиески ОЕМУЦ „Наум Охридски “ стана еден од најдобрите примери за дуално образование во нашата држава.
Како локална самоуправа особено сме посветени на подобрување на условите во образованието. Реализиравме и тековно работиме на голем број зафати во сите основни и средни училишта. Благодарение на посветеноста на локалната самоупава и во соработка со Министерството за образование, ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби сосема нов лик. Беше изградена нова спортска сала, реконструиран е покривот на училишната зграда, поставена е нова енергетски ефикасна фасада, поставени се нови пвц прозорци, нови подови во сите училишни простории, реконстуирани се таваните и внатрешните ѕидови и поставено е ново осветлување, истакна градоначалникот Георгиески.
Премиерот Заев денеска во Охрид присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на реконструираната сообраќајницата „15-ти Корпус“.
Станува збор за исклучително важна улица бидејќи таа е влезот во градот за сите оние кои доаѓаат од Ресен, Битола, Прилеп и сите останати од истокот и југоистокот од нашата земја. Улицата е од исклучително значење за сите кои живеат во овој дел од градот како и за индустриите кои се на потегот на оваа сообраќајница“ , рече Заев
Градоначалникот Георгиески истакна дека реконструкцијата на улицата „15 Корпус“ е дел од проектите за создавање подобра урбана слика на Охрид. Вредноста на инвестицијата изнесува 58 милиони денари .
Се работи за улица со должина од 1900 метри на потегот од крстосницата „Железничка“ на влезот со село Лескоец, која сега има модерен и уреден изглед и овозможува поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Поставен е нов асвалт на коловозната лента, комплетно се уредени велосипедските и пешачките патеки од двете страни на улицата, извршена е замена на атмосферската канализација, поставена е нова водоводна линија на еден потег на улицата, изградени се три потпорни ѕидови, поставено е ново осветлување и хоризонтална и вертикална сигнализација. Од вкупната вредност на инвестицијата од 58 милиони денари, 30 милиони денари беа обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни патишта“, рече градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески.
Градоначалникот истакна дека и улицата „Абас Емин“ наскоро ќе биде завршена и пуштена во употреба.
Моментално се работи на реконструкција на улицата „Јане Сандански“, а планирана е и реконструкција на улиците „Македонски просветители“ и „Гоце Делчев“ .
Кристина.А