Гостувањето на хорот „Златно славејче“ во Охрид кое беше закажано за утре на 27-ми мај 2016 година е одложено, информираа од Центарот за култура „Григор Прличев“. Оттаму посочија дека се уште не е познат нов датум за гостувањето и дека сите идни детали ќе бидат навремено соопштени преку медиумите.
Караванот концерти на реномираниот фестивал „Златно славејче“ се оддржува низ повеќе општини во државава, а организатор е СТ- продукцијата од Скопје. –
-„Златно славејче“, како најреномиран фестивал со традиција долга 45 години, со ваквиот начин што за прв пат се организира, ќе стане поблизок и за децата кои се од другите градови, велат организаторите.
OhridNews