Поради временските неприлики и лошата состојба на поголем дел од стадионите Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи да ги одложи сите мечеви во Втората лига запад и исток.
Екипата на Струга Трим Лум како домашен стадионот за мечот со Зајаз во 18-та рунда го пријави „Атина Бојаџи“, но натпреварот нема да се одигра поради одложувањето на целото коло.
18-та рунда ќе се одигра следниот викенд, а другите рунди ќе бидат пролонгирани за една недела.
OhridNews