Детската претстава „Мачка со шапка“ нема да биде изведена во недела на 5-ти јуни 2016 година, како што беше претходно најавено, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“.  Оттаму велат дека новиот датум за изведба на претставата, од страна на членовите на Драмското студио за деца и младинци ќе биде навремено соопштен преку медиумите.

Инаку претставата „Мачка со шапка“ од Теодор Сус Гејзел, во режија на Јасмина Билаловиќ доби Специјално признание на 52-то издание на Фестивалот на аматерскиот театар кој мината седмица се одржа во Кочани.

OhridNews