Одлични резултати на охридските атлетичари на одржаниот Куп на Македонија за сениори во атлетика што се одржа на 28 и 29 во Скопје.

Во машка конкуренција АК Охрид го освои Второто место со само тројца атлетичари во конкуренција од 15 клубови. Во севкупна конкуренција Охрид се рангира на петтото месро

Блаже Љушев после 8 години си го собори личниот рекорд во скок во далечина и се палсираше на второто место, прво место забележа во дисциплината 110 метри со пречки, второ место освои во дисциплината трискок мажи, а освои второ место и на 400м со пречки.

Во два дена во 4 дисциплини тој донесе најмногу поени за клубот.

Рекордерот Јован Стојоски во неговите 3 дисциплини освои 3 медали. Во дисциплината 400 метри мажи Стојоски го освои првото место, во дисциплината 100 метри мажи и 200 метри мажи освои второ место.

Одличен резултат во дисциплината фрлање диск забележа и Стефан Стефановски кој освои првото место.

OhridNews