Комисијата за заразни болести на координативниот состанок утрово, предложи ново олабавување на мерките.

Од среда, 16 јуни да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува тоа. – смета Комисијата за заразни болести.

Покрај ова Комисијата за заразни болести предлага да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Исто така утрово, Кризниот штаб ги прифати предложените мерки од Комисијата за заразни болести. Сега преостанува истите да бидат изгласани на седница на Влада.

OhridNews