18.00 Во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на Ковид-19 од кои 4 во Охрид, 5 во Струга, 65 во Скопје, 21 во Штип, 14 во Куманово…

Починати се 4 лица, двајца во болнички услови, двајца вонболнички. Во Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 15 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.

Во период од 01 до 07 август, Центарот за јавно здравје Охрид извршил 247 тестирања за присуство на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 64 лица и тоа кај 25 лица од општина Охрид, кај 24 лица од општина Струга и кај 15 лица од општина Дебар – соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Активни случаи во Охрид се 86, во Струга 190, а во Дебар 119. Во овој период оздравени се 19 лица од Охрид, 28 лица од Струга и 3 лица од Дебар. Починале 1 лице од општина Охрид, 1 лице од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

Од почетокот на епидемијата до 07 август lабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 977 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 294 лица во општина Охрид и Дебрца, 473 лице во општина Струга и Вевчани и 210 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Oздравени пациенти од Охрид се 205, од Струга се 253, а од Дебар и Центар Жупа 82 пациенти. Вкупно од општина Охрид и Дебарца има 8 починати пациенти, од општина Струга се починати 44, а од Дебар и Центар Жупа се починати 6 лица, информира во неделниот билтен Центарот за јавно здравје.

OhridNews