Македонскиот шампион МЗТ го загуби четвртиот натпревар во низа во регионалната АБА лига. Во арената „Борис Трајковски“, во рамки на 6-тото коло славеше Црвена Звезда со 60:75.
Скопјани беа рамноправен противник само на моменти. Ја добија првата четвртина со 22:20, но тоа беше се што успеаа да направат во натпреварот. Гостите во втората четвртина направија предност од 11 разлика, МЗТ успеа да се врати во третиот период и да израми, но беше се што успеа екипата од Аеродром. Црвена Звезда предводена од одличниот бек Ракочевиќ направи нова серија со која го скрши отпорот на домаќинот, кој до крајот не успеа да фати резултатски приклучок.
Во следното коло МЗТ, на чие кормило неуспешно дебитираше новиот тренер, словенецот Пипан, гостува во Љубљана на Олимпија.