Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека забраната за движење на тешки товарни возила на преминот Стража е укината, додека пак забраната за кракот Маврово – Дебар сеуште трае.

Патници за OhridNews информираа дека утрово превојот Стража е тешко прооден и дека има и заглавени возила.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките места во северозападниот дел од републиката, додека во останатиот дел врне дожд.

OhridNews