На 05.12.2016 во Хелсинки се одржа полуфиналето во светскиот стендап натпревар “The Funniest Person in The World” на кој учествуваше и нашиот актери стендап комичар Никола Тодороски како претставник од Македонија. За жал Никола не успеа да избори пласман во финалето од натпреварот.
“За мене беше огромен предизвик да бидам дел од овој светски натпревар. Со ова и Македонија се впишува во светската стендап сцена. За жал не успеав да се пласирам во финалето но за мене голем успех е и да се биде еден од 20-те полуфиналисти во светот. Дел од стендап комичарите се ѕвезди од светски размери и среќен сум што прво бев во конкуренција, а сега веќе станав пријател со нив. Тоа отвара можности за соработка на светско ниво. Ова е само еден чекор погоре на скалилото.“ – изјави за OhridNews Никола Тодороски.
Никола Тодороски е прв македонски стендап комичар кој учествува на светски натпревар. Покрај бројните настапи во земјата, Никола зад себе има десетици успешни интернационални настапи во Лондон, Амстердам, Франкфурт, Софија и други градови во регионот. На светскиот натпревар „THE FUNNIEST PERSON IN THE WORLD“, Никола настапи со авторски материјал на англиски јазик.
hridNews