Водечките светски диџеи Nicky Romero & Lost Frequencies имаа незаборавен настап на СРЦ „Билјанини Извори“ во рамките од првото издание на „Ohrid Calling“ фестивалот кој го организира „Авалон продукцијa“.

Илјадната публика непрекинато пулсираше на „хаус“ ритамот од Lost Frequencies, а забавата кулминираше по доаѓањето на сцената на Nicky Romero кој имаше фантастично интро.

Светските мега „денс“ хитови продуцирани од двата врни диџеи никој не оставија рамнодушен и приредија спектакл за уживање до раните утрински часови на СРЦ „Билјанини Извори“. 

„Ohrid Calling“ фестивалот продолжува на 13 август со настапот на Ал ди Меола на Антички театар, а ќе заврши ден подоцна со настапот на „Продиџи“.

Фото галерија:

Незаборавен настап на Nicky Romero & Lost Frequencies во Охрид.

OhridNews