Во текот на изминатото деноноќие во државата на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, информира МВР.

 

По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според статистичките податоци на СВР Охрид, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, единаесет лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 (Струга-2, Кичево-2, Дебар-7). Тие се приведени и против нив, ќе бидат поднесени пријави според членот 206-„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Во истиот период, полициските службеници констатирале 105 прекршоци за не носење лична заштита на лицето (Охрид-49, Струга-28, Кичево-20, Дебар-08). Ним, издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира СВР Охрид.

Во посочениот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 184 лица (Охрид-79, Струга-87, Кичево-18). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 121 контроли (Охрид-51, Струга-53, Кичево-17). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 123 лица (Охрид-31, Струга-38, Кичево-14, Дебар-40). Врз овие лица, извршени се 87 контроли (Охрид-30, Струга-19, Кичево-8, Дебар-30). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 94 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-34, Струга-29, Кичево-20, Дебар-11), информира охридската полиција.

OhridNews