Навивачите на Манчестер јунајтед се пробија на „Олд Трафорд“ неколку часа пред натпреварот против Ливерпул. Почетокот на дербито од 34. коло на англискиот шампионат е одложен на неодредено време, соопшти „Sky Sports“.

Премиер лигата прво објави дека почетокот на натпреварот кој првично беше закажан во 17:30 часот, е одложен поради протестите на навивачите на стадионот „Олд Трафорд“, за подовна да биде соопштено дека истиот и дефинитивно е одложен од безбедносни причини.

Навивачите на Јунајтед бараат оставка од сопствениците на клубот – семејството Глејзер.

Кога ќе се одигра дербито на Премиер лигата Манчестер Ј. – Ливерпул, засега не се знае.

OhridNews