Девет тела на убиени се најдени во трговскиот центар „Олимпија“ во северозападниот дел од Минхен, меѓу кои можеби е и еден од напаѓачите, соопшти полицијата на баварската престолнина, пренесуваат агенциите.
Претходно беа потврдени шест жртви. Полицијата уште не го квалификува нападот во Минхен како терористички чин.
„Морам да соопштам дека бројот на загинатите се зголеми на осум… Во близина на трговскиот центар најдовме тело на загинат маж. Судејќи според сé, неговата смрт била насилна. Во моментов проверуваме дали тој има поврзаност со она што се случи на тоа мести… Морам да потврдам дека бројот на загинатите е осум“, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата на Минхен, пренесува агенцијата РИА.
Засега полицијата вели дека нема знаци на поврзаност со „исламскиот тероризам“, но во медиумите се појавија информации дека можеби зад нападот стојат ултрадесничарски елементи, бидејќи наводно еден од напаѓачите на чист германски јазик викал „Јас сум Германец“.
Во меѓувреме приврзаниците на сунитската терористичка мрежа Исламска држава (ИС) слават на социјалните мрежи за настаните во Минхен.
„Фала му на Бога, Бог нема им донесе напредок на нашите луѓе од Исламската држава“, се наведува во една од пораките на профил наклонет на џихадистите, пренесува Reuters.
„Исламската држава се шири во Европа“, стои во пораката на друг профил кој ја поддржува Исламската држава.
Според првичните сознанија, во нападот имало тројца мажи вооружени со јуришни пушки. Полицијата објави дека две лица уште се на слободат и оти трага по нив.
Во Минхен од вчера се спроведува специјална операција со силни полициски единици, а градот го надлетуваат хеликоптери. Жителите и странците се повикани да останат во своите домови или на безбедно на местата на кои се нашле додека градскиот транспорт повторно не биде воспоставен.
„Сведоците соопштија дека еден маж се застрелал самиот. Има ранети, можно е и да има повеќе загинати“, рекле полициски извори.
Станува збор за трет голем напад врз цивили во западна Европа во осум дена. За претходните напади во Франција и во Германија
OhridNews
Извор:„Макфакс“