Нјмногу загинати имана островот Минданао, Кагајан де Оро и Илиган.
Директорот на националниот Центар за превенција и заштита од катастрофи, Бенито Рамос, офизијално изјави дека загинати се 516 лица, а исчезнати 274., но и тој призна дека оваа бројка и натаму ќе расте.
Ваши ги зафати бреговите на Филипините во петокот навечер и уништи цели села и разруши многу мостови и патишта.
„Настраданите подрачја се толку многу распространети што потрагата се уште не успева да ја опфати целата зона. Многу куќи се однесени од поплавите, што значи и дека телата на загинатите се преместени“, објасни во неделата Главната секретарка на Црвениот крст на Филипините, Гвен Панг.
Извор: Макфакс