По повод 11 декември, Светскиот ден на планината, ЈУНП „Галичица“, на иницијатива на раковдствотото на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид, денеска подигна повеќе садници подмладок на елка, бел и црн бор од дворот на болницата и ги засади во дворовите на кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ и на црквата Св. Атанасиј во Вишни.

Болницата „Св. Еразмо“ планира партерно уредување на својот двор. Со помош на Националниот парк, педесеттина млади дрва од видот елка, бел и црн бор, од тука беа  соодветно транспортирани и засадени во дворот на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”, како и во дворот на црквата Св. Атанисиј во село Вишни, струшко. – информираат од јавната установа.

 

Оваа акција е само прв чекор во овој правец. Соработката со болницата „Св. Еразмо“ ќе продолжи, а јавната установа е подготвена соодветно да помогне околу хортикултурното уредување, велат од Националниот парк „Галичица“.

OhridNews