Родилка од Куманово на возраст од 27 години, која била позитивна на тест за коронавирус, се породила денеска на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Друга родилка, пак, дошла со компликации кои предизвикале смрт кај бебето. Дел од националните медиуми пренесоа дека се работи за жена од Охрид, како и дека случајот не е поврзан со коронавирусот, но согласно протоколите земен е материјал за тест.

OhridNews