Граѓаните на Охрид во изминатава година беа сведоци на макотрпна работа на локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Проблемите со кои се соочуваше новото раководство при преземањето на локалната самоуправа се проблеми кои ги допираа сите аспекти на функционирањето на градот. Само милионската сума на долг од над 32 милиони евра говори за бесконечниот амбис во кој била вовлечена Општина Охрид со владеењето на СДСМ во изминативе 8 години, истакна портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ, на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има историска обврска за спасување на градот од банкрот, односно за подобра иднина на Охрид.

И токму поради ваквите обврски, ВМРО-ДПМНЕ со локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бакрачески, во сите сегменти од функционирањето на градот за многу краток период покажа видливи резултати. Резултати кои не успеавме да ги видиме во 8 годишното владеење на СДСМ со Охрид.“ -потенцира Митровиќ.

Митровиќ додаде дека владејачката партија ги знае реалните проблеми на жителите од градот, а народот во целост го препознава концептот на ВМРО-ДПМНЕ со кој Охрид треба да претставува лидерска општина во Македонија.

ВМРО ДПМНЕ исто така во целост ја презема обврската кон  конечно решавање на истите. Одредени проблеми се решија за многу краток период. Впрочем, тоа најдобро може да се согледа од отчетот на градоначалникот Бакрачески за 2013 година. Напоменуваме во истрајноста и упорноста кон реализацијата на неопходните проекти : кон подобрување на локалната инфраструктура, подобрување на условите во образовниот систем, подобрување на туристичкиот и културен домен, изградба на витални објекти за градот, индустриски зони и голем број на други проекти, кои се веќе започнати и преставуваат само мотив повеќе за работа со што подинамично темпо.“ – додаде Митровиќ.

За обвинувањата на ОО СДСМ Охрид за градбите на Плаошник, Митровиќ одговори дека воопшто не е стигнат извештај од УНЕСКО или некаков официјален документ.

Во последно време можеме да увидиме дека СДСМ, иако нас ВМРО-ДПМНЕ не ни е во политичката култура да искажуваме вакви изрази, се однесуваат како да се изгубени во времето и просторот. Изгубени се во времето, бидејќи имаа осум години да докажат и покажат нешто на делот за градот Охрид. Но тоа не го направија. Кога се работи за просторот на Плаошник, можеме да кажеме дека воопшто не е стигнат таков извештај, па се додека не погледнеме официјално документи, не можеме за ништо да зборуваме.“ – изјави Митровиќ.

OhridNews