Околу милион луѓе и повеќе од 40 светски лидери се собраа во центарот на Париз во склоп на историскиот Марш за солидарност, организиран во знак на сеќавање на жртвите во убиствените напади што се случија во текот на изминатата седмица во Франција, јавува BBC, пренесува порталот „Кајгана“.

На улиците во Париз има големо присуство на припадниците на војската и полицијата. Во земјата се пристигнати британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, турскиот премиер Ахмет Давутоглу и други политичари.

„Денеска Париз е престолнина на светот“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

 

OhridNews
Извор: Кајгана