Петкратниот првак на Македонија, Металург со триумф 30-22 (12-15) во Охрид против истоимената екипа го продолжи победничкиот низ во Супер лигата.
Ракометарите на Охрид иако претрпеа пораз прв сезонава на домашен терен не разочараа туку му покажаа заби на тимот предводен од Лино Червар и без најдобриот ракометар во составот Мите Караиванов.
„Металурзите“ пред крајот на првиот дел прв пат се одлепија на +3 (12-9), а до тогаш „гладијаторите“ држеа егал на семафорот.
Во вториот дел гостинските ракометари ја чуваа разликата, а неколкуте прилики за доближување на ги искористија домашните играчи.
Најдобрата можност избраниците на Горан Андоновски ја имаа во 41-та минута кога при 17-15 не реализираа напад. Грешката, гостите ја казнија со погодок и ја вратија предноста од три погодоци.
Подолгиот ростер на клупата му овозможи на Червар разноврсност во играта која на крајот му донесе убедлив триумф во четврт сезонава.
Охрид : Пецаков 1 (одбрана), Костески 3 (одрбрани), Колев 5 (одбрани), Павловиќ 5, Андоновски 1, Кежиќ 3, Хогас 3, Белевски, Трифуноски, Тасески 5, Печенковски 2, Новаковиќ 2, Вражалица 2.
Металург : Дупјачанец 13 (одбрани), Вуковиќ (1 одбрана), Петров, Маџовски 1, Божовиќ 4, Костески 4, Матиќ 7, Бувиниќ 3, Матијашиќ, Кузманоски 1, Кукоски, Крстевски, Талески 4, Велковски 1, Пешевски 1, Палевски 1.
Фото : Емилио
Мх.П.