Охридските ракометари го претрпеа првиот пораз во третата рунда од плејофот во Супер лигата, откако изгубија од лидерот на табелата, Металург 29-23 (17-13).
„Металурзите“ со триумфот над Охрид ја продолжија победничка серија која ја започнаа со победите над Вардар и Пелистер во Битола.
Првиот дел домаќините го добија со 17-13. Во второто полувреме Охрид стигна до -1, но „пиратите“ не само што го задржаа водството туку го зголемија за конечни (29-23).
Ракометарите на Охрид во четвртата рунда ќе се сретнат со македонскиот шампион Вардар, додека Металург гостува во Велес кај составот на Борец.
Фото: Екипа.мк
OhridNews