Екипата на Металург го освои целиот плен во Охрид победувајќи го Охрид по голема борба со тесни 21-19 (11-10) во седмата рунда од плејофот во Супер лигата.


Неискуството, грешките во нападот, малиот ростер на играчи и некои дискутабилни одлуки кои одеа во корист на Металург го решија победникот во „Билјанини Извори“.

„Металурзите“ првата опиплива предност ја имаа во 12-та минута од мечот кога водеа со 5-2.


Но, и покрај неефикасниот напад охридските бели најдоа начин и се вратија во игра до крајот на првиот дел и заминаа со минус еден на полувреме (11-10).

Охриѓани со помош од публиката во 40-та минута успеаja да го анулираaт водството (13-13) на Металург и да држат резултатски егал до (15-15).


Тогаш, дојде до израз големиот играчки ростер на Металург и судиските одлуки. „Металурзите“ не ја испуштија шансата и со 5-1 серија стигна до 20-16. И пак, „гладијаторите“ смогнаа сили и успеаја да го ублажат поразот кој не смее да ги поколеба.

За Охрид ова беше шести пораз во седмиот натпревар сезонава, а следните три се одлучувачки за крајниот пласман на табелата.

Охрид: Пецаков, Колев (4 одбрани), Трајкоски (13 одбрани), Андоновски 2, Новаковиќ, Тасески, Павловиќ 3, Печенковски 2, Кежиќ 4, Вражалица 4, Мачу 1, Хогас 1, Трифуноски 1, Белевски 1, Костов, Стојановиќ.

Металург: Дупјачанец (7 одбрани), Томовски (6 одбрани), Петров 2, Мраковчиќ 1, Божовиќ 5, Костески, Матиќ 2, Вујовиќ 5, Бувиниќ 1, Кузмановски, Маџовски 1, Кукоски, Крстески, Талевски 4, Пешевски, Палевски. 

Мх.П.