Во рамки на фестивалот „Синедејс“, својата премиера пред скопската публика, денес, ќе има филмот „Матасари“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.
Најновото дело на Пиперкоски, на 29-ти март беше премиерно прикажано во Букурешт во рамките на „Некст филм фестивал“, кој важи за еден од најпознатите филмски фестивали во Југоисточна Европа. Станува збор за краткометражен психолошки филм во кој главните улоги ги толкуваат: Андреј Рошу, Анка Флореску, Крина Семчук, Алек Секареану и многу други.
„Матасари“ ја доживеа македонската премиера во рамките на програмата „Македонска Панорама“ на годинешниот 33-ти Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој од 15 до 21 септември се одржа во Битола.
На премиерата на „Матисари“ се очекува да присуствува дел од екипата која работеше на филмот на охридскиот режисер Пиперкоски.