Македонската машка кошаркарска репрезентација четврти пат едноподруго, а петти во историјата, ќе игра на завршниот турнир од Европското првенство кое на програмата е догодина.
Настап на Еврошампоионатот нашите кошаркари обезбедија на убедлив начин остварувајќи пет победи и само еден пораз во квалификациите.
Во последнот натпревар од квалификациската група, вечерва во Скопје, селекцијата предводена од Александар Ѓукиќ ја совлада Белорусија со 72-66 со што и формално обезбеди пласман на Европското првенство
Првопласирана во групата е репрезентацијата на Белгија која оствари идентичен резултат во квалификациите како и Мкедонија(5-1) но имаше подобра кош разлика. Македонија е втора и патува на ЕП, на третото место се пласираше Белорусија, а последна е репрезентацијата на Данска.
Успехот на македонската репрезентација е дотолку поголем ако се знае дека во овие квалификации настапи подмладен тим без носителите на играта од претходните две првенства Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ѓорги Чековски, Предраг Самарџиски, Влатко Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб
Домаќинот на Европското првенство во 2015 година дополнително ќе биде одреден, бидејќи Украина ја откажа организацијата поради познатите проблеми.
Горан Момироски