Краткотрајно локално невреме проследено со обилни врнежи од дожд и грмежи попладнево го зафати охридскиот регион. Поројниот дожд за миг ги преплави коловозите и го отежна одвивањето на сообраќајот. Дождот им зададе многу проблеми и на пешаците.
На десет минути до 17 часот без струја повторно останаа жителите на булеварот „Туристичка“ на потегот од населбата Лескајца кон излезот на градот, како и околните населени места. Прекинот траеше четириесеттина минути.
OhridNews