Познатата пеачка Лепа Брена, утрово во ресорт во Нови Винодолски, Хрватска, паднала и ги скршила двете раце, по што итно е хоспитализирана и оперирана, јавува порталот “Index.hr”. Претходно истиот извор објави дека пеачката утрово доживеа сообраќајна несреќа на пат за Макарска, за потоа да информира дека всушност инцидентот се случил во туристички ресорт. 

Српската естрадна ѕвезда вечерва и утре требаше да одржи два концерти во Макарска кои се одложени

Најавено е дека во текот на денот болницата каде е извршена операцијата ќе излезе со информации за здравствената состојба на Лепа Брена.

Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ  одмарале во Нови Винодолски, како и секое лето. За време на доручекот пеачката паднала и ги скршила двете раце, изјавил за „Index“, портпаролот на Брена, Ведран Струкар.

„Извесно време Брена нема да настапува, одложени се концертите во Макарска и Бихаќ“-стои во службеното соопштение.

Лепа Брена од 2004 година има проблеми со едната рака, поточно има тромбоза. Таа е под постојан лекарски надзор и ја контролира болеста со активно вежбање и соодветна исхрана.

OhridNews