Во лавина што се случила на словенечкото скијалишта „Мала Мојстровкс“, настрадале седум луѓе. Дел од нив биле потешко повредени. Во тек е голема акција за нивно спасување која ја отежнува лошото време.
Според првичните информации сите ја преживеале несреќата, но точниот степен на нивните повреди се уште е непознат.
Двајца од повредените со хеликоптер биле транспортирани во Љубљана. Во тек е акција за извлекување на останатите лица, но снежното време им задава проблеми на спасувачките служби.
Четири лица загинаа во лавина на француските Алпи
Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.
Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место.
Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри.
Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.
Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури.
На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.
OhridNews
Фото: Илустрација – Фрипик