Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и грмежи и ветер попладнево го зафати Охрид. Невремето го отежна движењето на пешаците и возилата во градот.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека не биле известени за евентуални штети од невремето во охридско.
Граѓанин на Охрид не информираше дека јасика се скршила и го попречила стариот пат Охрид – Струга, во близина на реката Сатеска. Кога пристигна екипата на OhridNews на местото на настанот скршеното дрво беше отстрането од коловозот, а сообраќајот нормализиран.
Според најавите, утре ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи, особено во источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=7. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
OhridNews