Екипите на Пупе Компани и Еуро Стил им се придружија на АСП Пак и Кристи и Вивси Трејд во 1/2 финалето на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“.
Пупе Компани после изведувањето на пеналите (3-2) го совлада и елиминираше минатогодишниот победник Мистер И, откако регуларниот дел заврши 1-1. Еуро Стил со пресврт во второто славеше над Дооел Ноче 2-1 и се пласираше помеѓу ТОП 4.
Полуфиналните пресметки на осмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал се закажани во петок. Во 21 часот силите ќе ги одмерат Еуро Стил – Пупе Компани, а во 22 часот ќе се сретнат АСП Пак и Кристи и Вивси Трејд.
OhridNews