Црвен крст Охрид во соработка со Алфа банка, во сабота, 6- ти јуни, организира хуманитарна акција за социјално загрозените семејства.

За таа цел, во 11 часот, пред седиштето на Црвен крст Охрид, ќе биде поставен контејнер за донирање облека, кој е донација на Алфа банка.

По примерот на европските градови и во Охрид, во било кој период од  денот, граѓаните ќе можат  да донираат облека, ставајќи ја во контејнерот за облека, која потоа волонтерите на Црвениот крст ќе ја селектираат и доставуваат до оние на кои им е најпотребна.

OhridNews