Обвинителката од Гевгелија, Катица Јанева, ќе биде Специјален јавен обвинител. Таков договор постигнаа четирите партии по маратонските преговори што траеја до раните утрински часови, објави „Телма“.
Постигнат е договор и за Закон за специјално обвинителство. Самиот обвинител ќе ги бира своите соработници, како што предложија европските консултанти. Маратонските разговори се одвиваа под силен притисок на меѓународната заедница. На европскиот експерт Питер Ванхауте последните два дена му се придружија амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли. Неофицијално, на финалното договарање присуствувале и лидерите Груевски и Заев.
Предлог законот уште денеска ќе се најде во Собрание. Во текот на денот се очекува да биде изгласан, да биде отпечатен во Службен весник, потпишан, да влезе во сила, а потоа според него да биде избран Специјалниот обвинител. Со тоа ќе се запази рокот, договорен во Пржино, а истекува денеска.
OhridNews
Извор:„Телма“