Канадери цело попладне го надлетуваат Охрид. Овие специјални летала учествуваат во гаснењето на пожарот што веќе втор ден беснее помеѓу селата Опеница и Косел. Тие полнат вода од Охридското Езеро која ја испуштаат врз пламените јазици кои ја голтаат боровата шума во месноста Јасика.
Во насока на ставање на состојбата под контрола претпладнево заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид кој утврди мерки и понатамошни чекори кои се преземат со цел што поскоро да се совлада огнената стихија.
Пожарот меѓу селата Косел и Опеница избувна вчера попладне. Пожарникарските екипи веднаш излегоа на терен, но станува збор за непристапен терен.
Чадот од пожарот синоќа го прекри Охрид, каде силно се чувствуваше непријатен мирис.
OhridNews