Македонската претставничка Калиопи, не успеа да обезбеди пласман вофинале на изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Стокхолм, Шведска.
На втората полуфинална вечер таа ја изведе песната „Дона“ на македонски јазик, но нејзината добра интерпретација не беше доволна за пласман понатаму.
Пласман во финалето на Евросонг вечерва обезбедија: Латвија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија.
Претходно во вторникот, пласман во финалето обезбедија и: Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта.
Директен пласман во финалето на Евросонг што ќе се одржи во сабота обезбедија домаќинот Шведска, Шпанија, Франција, Германија, Италија и Англија.
OhridNews
Foto: Thomas Hanses (EBU)