Во Општина Струга до 11 часот на првиот круг од претседателските избори излезноста е 7,19 отсто, односно гласале 4.416 лица, додека во Вевчани излезноста е 16,91 проценти, односно гласале 350 лица, покажуваат податоците објавени од страна на Државната изборна комисија.
Изборниот процес во двете општини почна во 7 часот утрово и, според претседателите, тече непречено.
- Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.
Во општина Струга право на глас имаат се 60.894 гласачи, а ќе гласаат на 101 избирачко место, додека во Вевчани во единствениот избирачки список регистрирани се 2.072 гласачи, кои правото на глас можат да го остварат во едно од трите избирачки места.
OhridNews