Кардиналите го избраја новиот, 266 поглавар на Римокатоличката црква. Од оџакот на Сикстинската капела во 19.06 минути беше пуштен бел чад, по што следеше објава дека 76-годишниот Жорге Марио Берголјо од Аргентина е избран за нов папа. Тој се одлучил да го земе името Фрањо без римскиот број I, пренесува Асошиејтед прес.

„Ќе биде Фрањо I, кога ќе го имаме Фрањо II“ – го пренесува официјалното објаснување на Ватикан AP.

Ова е прв пат во 1300 години да биде избран папа кој не е од Европа и воопшто прв од Јужна Америка, каде живеат најголемиот број од католиците во светот.

Фрањо II светските медиуми го оценуваат како крајно конзервативен. Тој остро се спротиставува на истополовите бракови, абортусот и контрацепцијата. Тој е познат како голем помагател на сиромашните и хуманитарец.

OhridNews