Селекторот на македонскта ракомтна репрезентација, хрватскиот стручњак Ивица Обрван најави заминување по поразот на неговите избраници во клучниот дуел од Тунис на турнирот во Полска за пласман на Олимписките игри во Рио ова лето.
– Сите ние заедно имавме еден голем сон, да се обидеме првпат во историјата на Македонија да се пласираме на ОИ, но не успеавме, изгоревме во тоа и заслужено загубивме. Лошо го отворивме натпреварот и потоа не успеавме да се вратиме од тој голем минус. Имавме неколку ситуации да фатиме приклучок, но не знаевме да ги искористиме. После ова се повлекувам од функцијата селектор на македонската ракометна репрезентација. – рече Обрван по мечот со Тунис.
Попладнево во Гдањск, Македонија убедливо загуби од Тунис 26:32 и не успеа да го оствари историскиот сон да обезбеди пласмна на летните олимписки игри во Бразил.
Обрван ја предводи нашата најдобра репрезентација од март 2013 година.
OhridNews