Учесниците Вториот летен спортски-едукативен камп „Охрид 2017“ имаа доста активен и исполнет ден. Во раните утрински часови успешно ја искачија планината „Галичица“, додека во попладневните часови имаа игри и забава заедно со преставници од Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир Богојевски (спортски директор“ и спортистките Нина Балабан и Симона Маринова и преставници од Битолската млекара.

– Многу ми е драго што оваа година и Бимилк се вклучи во спортскиот летен камп во Охрид. Нашата заложба е да обезбедиме квалитетен живот за сите деца, па така постојано изнаоѓаме нови начини како да ги активираме и да им помогнеме на децата. Овој камп навистина нуди богати спортско-едукативни содржини, но истовремено и ги руши баериерите помеѓу младите преку зближување на нациите и учење на човековите вредности, како што се разбирањето, толеранцијата и одговорноста, и тоа преку спортските дисциплини. Имајќи го тоа на ум, во кампот ги вклучивме и нашите долгогодишни пријатели од СОС Детското село, на кои покрај обезбедувањето на секојдневните потреби од млеко преку целата година, ова лето за неколку дечиња овозможивме и квалитетно време поминато во дружење, учење и спортување. Дополнително, Бимилк ќе земе учество и во едукативните содржини предвидени во кампот преку работилница која ја организираме на тема „Биди дете“ со Моја Кравица чоколадно млеко. Работилницата опфаќа забавно-едукативни игри кои верувам ќе им го направат времето на децата уште поинтересно. – изјави Маја Велевска од БИ-Милк.

Искачувањето на планината „Галичица“ беше тешко, но сите учесници успешно минаа и не го криеја задоволството. Исто така добро дружење и забава имаше на работилницата попладне играјќи „икс-точка“, „расипан телефон“ и „погоди кој сум“. 

На третиот ден од Вториот летен спортски-едукативен камп „Охрид 2017“ ги очекува нуркање во вода со Емил Јовановиќ и едрење со клубот на вода, Акватика.

Фото галерија:

За успешните реализирани активност следуваше награда, „капење“ во Охридското езеро што наиде на овации кај учесниците на кампот.

Фото: Мега продукција
OhridNews