Тим на Езерската полиција, околу 10.30 часот ја пронашол жената по која се трагаше неколку часови, жива, како плива во езерото пред хотел Парк.
Потрагата по жената, за која постоеја сомневања дека е исчезната во езерските води, започна утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот утрово, при што биле пребарани над 20.000 метри квадратни површина околу местото, за кое постоеле индикации дека жената влегла во Охридското езеро.
OhridNews