Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини и покрај зголемената фреквенција нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
OhridNews