Заврши увидот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на Инфективното одделение во охридската општа болница, детектирани се одредени пропусти во врска со постапувањето на медицинскиот персонал во случајот со починатата пациентка од струшко, информира попладнево на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот истакна дека новиот директор на охридската билница, д-р Горан Балевски, интензивно работи на реорганизација на работата на Инфективното оддление.

Вработените во Инфективното одделение Охрид, вчера во отворено писмо информираа дека немаат капацитет да згрижува пациенти со тешки симптоми.

Без разлика за каква болест станува збор сите здравствени установи добија упатства како да се организираат, а доколку нема услови за лекување треба да ги препратат до соодветното повисо ниво на здравствена заштита, а тоа е Инфективната клиника во Скопје каде се третираат пациенти со средна и тешка клиничка слика, поради што и ги прошируваме капацитетите таму, а следна е болницата 8ми Септември во Скопје каде се лекуваат пациенти со лесна форма на болеста, кои можат да бидат и на домашно лекување, но поради одредени специфики не можат да се лекуваат таму. – рече министерот Филипче.

Филипче информираше дека од почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, во земјата направени се 3518 тестови, а резултатите од нив се соопштуваат секојдневно,

Во изминатото деноноќие од коронавирус починаа две лица, 45 маж од Куманово кој имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, и 78 годишен пациент од Дебар кој имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

До 15 часот во земјата се евидентирани 44 нови случаи на коронавирус: 23 нови случаи во Куманово, 12 во Скопје, 2 во Тетово, 3 во Битола, 2 во Струга, 1 во Штип и еден во Прилеп. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.

Г.М.